ПРОТЕЧЕ СПИСОКОТ НА АРГЕНТИНА

Извисија Икарди и уште многу познати имиња

Во аргентинската јавност протече списокот на играчи кои ги одредил селекторот на Аргентина Хорхе Сампаоли за настап на претстојниот Мундијал во Русија

објавено: 3 мај 2018 - 17:20

Според сознанијата на аргентинските медиуми, Сампаоли веќе има 19 сигурни играчи за Русија од вкупно 23 кои ќе ги води. Селекторот веќе неколку недели е во Европа каде си следи аргентинските фудбалери кои играат на овој континент.
Според истите извори Сампаоли одлучи во Русија да не го води најдобриот стрелец на Интер, Мауро Икарди. Засега сигурни на списокот се:

Голмани: Ромеро (Манчестер Јунајтед), Кабаљеро (Челси).

Дефанзивци: Меркадо (Севиља), Салвио (Бенфика), Отаменди (Манчестер Сити), Маскерано (Хебеј), Фацио (Рома), Рохо (Манчестер Јунајтед), Таљафико (Ајакс), Акуња (Спортинг Лисабон).

Играчи за врска: Биља (Милан), Банега (Севиља), Ло Селсо (ПСЖ), Ди Марија (ПСЖ), Лансини (Вест Хем).

Напаѓачи: Меси (Барселона), Агуеро (Манчестер Сити), Игуаин (Јувентус), Дибала (Јувентус).

Остануваат под прашалник уште четири места. За позицијата трет голман се борат Гузман (Тигрес) и Армани (Ривер плејт). За две позиции во редот за врска конкурираат Краневитер (Зенит), Пизаро (Севиља), Сентурион (Расинг), Мезе (Индепендиенте) и Енцо Перез (Ривер плејт). За позицијата крилен напаѓач конкурираат Кристијан Павон (Бока) и Диего Пероти (Рома).
Изоставени се Фунес Мори, Паредес, Ламела, Ригони, Пасторе, Карлос Тевез, Анхел Кореја...

Најново во Меѓународен Фудбал