САМО ДА МУ ДОКАЖЕ НА ПЕП ГВАРДИОЛА ДЕКА ГРЕШИ

Јаја Туре откри за кои пет клуба во Англија би играл за годишна плата од 60 евра

Тренерот на Манчестер Сити реши дека нема да му биде потребен играчот кој од 2010 година е во клубот,а еден период беше и капитен на „граѓаните“

објавено: 5 јуни 2018 - 13:32

Јаја Туре не може да се помири со фактот дека е отпишан од тимот на Манчестер Сити, односно дека е непотребен на тренерот Пеп Гвардиола. Некогашниот најдобар африкански фудбалер сака да му докаже на шпанскиот стратег дека уште е во форма за да игра на највисоко ниво во Премиерлигата. 

Интересно е тоа што Туре дури би прифатил да игра во некој од првите пест клуба во Премиерлигата за неделна плата од само една фунта, како би му докажал на Гвардиола дека греши. 

„Јаја ќе се согласи да игра за една фунта неделно, ако го повика некој од првопласираните шест клуба во Премиерлигата. Тој може да игра на највисоко ниво и сака да го докаже на сите. Секако, во случај на одлични резултати ќе заработи и бонуси, но со овој потег Туре покажува колку не му е гриша за парите кои би ги добивал“, рече неговиот агент Дмитри Селиков. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал