Падна одлуката за наследник на Јаролим

Јарослав Шилхави е новиот селектор на Чешка

објавено: 18 септември 2018 - 16:00

Јарослав Шилхави е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Чешка. Тој ќе го замени Карел Јаролим, кој доби отказ по катастрофата на пријателскиот меч со Русија (5-1) и поразот од Украина на стартот од новото УЕФА натпреварување, Лигата на нации.

56-годишниот Шилхави работеше како помошник селектор во репрезентацијата на Чешка во периодот од 2001 до 2009 година, а потоа беше активен како тренер на чешките прволигаши Либерец (2011-2014) и Славија Прага (2016-2017).

„Нашата краткорочна цел е јасна: да се стабилизира тимот, да се постави систем на игра, да се изберат играчи. На кратко, работа", изјавил Шилхави пред новинарите.

Најново во Меѓународен Фудбал