ЗБЕСНА И ЖЕНАТА НА ДУШКО ТОШИЌ

Јелена Карлеуша му се закани на Робин ван Перси

„Куч*ин син, се надевам дека ќе скршиш нога“, е само еден од многуте реакции на српската пејачка, по инцидентот кој се случи на дербито меѓу Бешикташ и Фенербахче, а во главна улога беа нејзиниот маж и некогашната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Арсенал 

објавено: 6 февруари 2017 - 10:01

Инцидентот меѓу Душко Тошиќ и Робин ван Перси, кој започна на теренот во истанбулското дерби, го продолжи жената на српскиот фудбалер, на социјалните мрежи. Пејачката Јелена Карлеуша, која е жена на Тошиќ, беше премногу лута за тоа што нејзиниот маж беше исклучен на дербито меѓу Бешикташ и Фенербахче.

Пред крајот на првото полувреме, Тошиќ влезе во дуел со противничкиот голгетер Робин ван Перси. Нервозниот дефанзивец го удри Холанѓанецот со глава, за што доби црвен картон. Тошиќ потоа сакаше и да се тепа со некогашната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Арсенал. Неколку играчи го држеа Тошиќ да не тргне да се тепа со Ван Перси.

Фенербахче ја искористи предноста од играч повеќе и токму со голот на Ван Перси стигна до победа и влез во следната фаза во Купот на Турција. Ваквиот развој на настаните ја разлутија жената на Тошиќ. Популарната Карлеуша реши своето мислење да го каже преку неколку коментари на социјалните мрежи. 

  

Најново во Меѓународен Фудбал