„КРАЛЕВИТЕ“ СЕ РАДУВАА НА ПОСЛЕДНИОТ МЕЃУСЕБЕН ДУЕЛ, НО...

Јувентус е кошмар за Реал кога играат двомеч во ЛШ

Традицијата е едно, а ситуацијата на терен е сосема друго

објавено: 16 март 2018 - 12:44

Реал Мадрид и Јувентус минатата сезона беа дел од финалето во Лигата на шампионите, а на „кралскиот клуб“ од Мадрид беше тој што го крена големиот трофеј, победувајќи со 4:1. Сега, истите ривали ќе играат во елитната лига на УЕФА, но во четвртфиналната фаза. 

Тоа значи дека за разлика од лани, овојпат ќе се играат два меча. Јувентус е домаќин на првиот меч, а реваншот ќе се игра во Мадрид. Интересна е статистиката за оваа двојка, кога се работи за нокаут фаза каде што се играат два натпревари. 

Јувентус се радувал на последните четири двомечи со Реал Мадрид. Најсвежо е сеќавањето од полуфиналето во 2015 година, кога „старата дама“ дома победи со 2:1, а на „Сантијаго Бернабеу“ одигра 1:1. Италијанскиот гигант беше подобар и на нокаут двомечите во 2005 година (пораз 0:1, па победа 2:0), во 2003 (пораз 2:1 и победа 3:1), како и во 1996 година кога Реал победи со 1:0, а потоа Јувентус славеше со 2:0 на реваншот и продолжи понатаму. 

Ваквите резултати покажуваат дека традицијата е на страна на Јувентус, но Реал е тимот кој последниве две години доминира во Лигата на шампионите. 

Најново во Меѓународен Фудбал