ЗАТОА Е НАЈДОБАР ТИМ ВО ИТАЛИЈА

Јувентус е во четвртфиналето од ЛШ!!! За три минути го нокаутира Тотенхем

„Старата дама“ со еден краток, но многу силен блесок, стигна до победа од 2:1 на „Вембли“ и продолжи во следната фаза во елитната лига

објавено: 7 март 2018 - 22:42

Најтрофејниот италијански тим Јувентус направи неверојатен пресврт на „Вембли“ во Лондон и победи со 2:1 против Тотенхем и на тој начин се избори за место во четвртфиналето од Лигата на шампионите. „Старата дама" имаше еден краток, но многу силен блесок, за целосна радост по двомечот со лондонскиот тим. 

Откако првиот меч во Торино заврши 2:2, Тотенхем со голот на Сон во 39 минута стигна до предност на полувремето во реваншот во Лондон. Англичаните имаа игра, го диктираа темпото, имаа резултат што ги води понатаму, но сепак во второто полурвеме се случи пресврт. 

Јувентус со првиот упатен удар кон голот на Лорис, стигна до 1:1 благодарение на голот на Гонзало Игуаин. Неполни три минути подоцна гол даде и вториот Аргентинец во нападот на Јуве. Дибала излезе сам пред голманот на Тотенхем и погоди за 2:1, што се покажа и како конечен резултат и голема радост на сите навивачи на „старата дама“. 

Во вториот вечерашен меч, Базел победи на гости кај Манчестер Сити со 2:1, но Англичаните одат понатаму, благодарение на убедливата победа од 4:0 на првата средба во Швајцарија. 

Најново во Меѓународен Фудбал