ПОВТОРНО СПОРНИ МОМЕНТИ

Јувентус „грми“ по судијата Чакир, бараа два пенали, добија жолт картон

Во Лигата на шампионите не постои опција да се гледа повторена снимка

објавено: 3 април 2018 - 21:37

Реал Мадрид води со 1:0 на полувремето во Торино против Јувентус, но домаќините најмногу му се лутат на судијата Чакир. Италијанскиот гигант смета дека турскиот арбитар требаше да досуди пенал за домаќините во две спорни ситуации.

Во двете ситуации беше инволвиран Касемиро од Реал. Во првата, гостинскиот играч играше со рака и тоа на работ од шеснаесетникот, а домаќините бараа најстрога казна. Сепак, играта продолжи. 

Непосредно пред крајот на првиот дел, нова спорна ситуација во шеснаесетникот на Јувентус. Дибала влезе во казнениот простор, Касемиро постави нога, а Дибала падна. Повторно домаќините бараа удар од белата точка, но наместо тоа, аргентинскиот голгетер во редовите на Јувентус доби жолт картон поради симулација. 

На вториот дуел кој се игра вечерва во ЛШ, Севилја и Баерн играат 1:1. Домаќините поведоа со голот на Сарабија во 32 минута, но само пет минути подоцна Навас си даде автогол за 1:1 на полувремето.

Најново во Меѓународен Фудбал