„старата дама“ не мирува

Јувентус ќе му „украде“ играч на Ливерпул

Постигнат е усмен договор, сега треба само да се стави потпис

објавено: 9 декември 2017 - 11:07

Најтрофејниот италијански тим, Јувентус постигна усмен договор за потпишување на договор со играчот за врска на Ливерпул, Емре Џан. Тимот од „Енфилд Роуд“ има договор со Џан до крајот на сезонава, што значи дека 23-годишниот играч, од Нова година ќе има право отворено да преговара со други клубови. 

Ако информацијата за договорот се потврди, тогаш сегашниот играч на Ливерпул ќе се пресели во Торино за договор од пет години и годишна плата од четири милиони евра, плус бонусите. 

Освен Јувентус, за Џан се интересираат и Интер и Реал Мадрид, но многу веројатно е дека овие два гиганти ќе извисат во трката за потпис на овој играч.

„Емре од Ливерпул е идеална опција. Тој дури не е ни скап на пазарот. Јуветус има потреба од играчи како него“, неодамна изјави легендата на Јувентус, Алесандро дел Пјеро. 

Најново во Меѓународен Фудбал