„ГРАЃАНИТЕ“ СЕГА ЌЕ БИДАТ ШАМПИОНИ, НО...

Каде беше Манчестер Сити пред точно 10 години во Премиерлигата?

Ова е потсетување на тоа што значеше доведувањето на арапскито газда во клубот

објавено: 8 април 2018 - 12:30

Во градското дерби, Манчестер Сити вчера на свој терен загуби од Манчестер Јунајтед со 2:3, иако имаше водство од 2:0 на полувремето. За „граѓаните“ ова беше двојно разочарување, бидејќи ја одложија прославата на титулата, но и по тоа што беа понижени од градскиот ривал. 

И покрај поразот, Сити има недостижна предност во Премиерлигата и сигурно ќе биде првак и тоа во едно од најнеизвесните првенства во последниве неколку децении. Тоа е така поради доминантната игра на тимот предводен од тренерот Пеп Гвардиола. 

Сепак, за потсетување, Сити не е клуб кој важи за гигант во Англија, односно со историја на победнички менталитет. „Граѓаните“ станаа за респект, откако во клубот пристигна арапскиот газда и вложи многу пари. 

Колку за потсетување, пред точно 10 години, Сити беше многу далеку од трката за титулата, која тогаш ја освои Манчестер Јунајтед. Во таа 2007/2008 година, „црвените ѓаволи“ завршија со 87 бодови, додека Сити на крајот имаше само 55 бодови. 

Покрај оваа голема разлика, интересно е тоа како Сити со разочарувачки резултат стави печат на таа сезона. на 11 мај 2008 година, „граѓаните“ гостуваа кај Мидлсбро и загубија со 8:1. Едноставно Сити беше тим кој знаеше да претрпи катастрофални порази, но сето тоа се смени за само неколку години и тоа благодарение на парите на арапскиот газда. 

Единствено што од тој 11 мај 2008 година, до вчерашниот ден и поразот од градското дерби од Јунајтед не се смени кај Сити, беше фацата на фудбалерите по завршување на мечот. Еве како изгледаа играчите на Сити по поразот од Мидлсбро од 8:1, пред 10 години.

Најново во Меѓународен Фудбал