СРЕЌА НИВНА ШТО НЕ ПОСТОЕШЕ „ВАР“

Како им беше „подарена“ титулата на Англија во 1966? (Видео)

Во средата Англија после продолженијата беше елиминирана во полуфиналето на Светското првенство од Хрватска со 2:1.

објавено: 12 јули 2018 - 14:15

На тој начин „Гордиот Албион" ја пропушти шансата повторно после 52. години да се искачи на светскиот трон.

Но, сеуште се зборува за контроверзното финале во 1966. година кога на „Вембли" стадионот во Лондон, Англичаните ја освоија досега својата единствена титула од Мундијалите.

Во финалето Англија славеше по продолженијата со 4:2 над Западна Германија, а погодокот за 3:2 во 101. минута беше видливо нерегуларен од страна на Хурст.

Но, откако главниот судија од Швајцарија Готфрид Динст се консултираше со неговиот помошник од Русија Тофик Бахрамов, се покажа на центарот, по што следуваа лавина реакции од страна на германските фудбалери...

Најново во Меѓународен Фудбал