АРСЕНАЛ РЕШИ ДА СЕ БРАНИ НА НЕОБИЧЕН НАЧИН

Како распука ѕидот од 11 „топчии“ (Видео)

Англискиот премиерлигаш победи со 3:1 против Западен Сиднеј Вондерерс, во вториот претсезонки меч 

објавено: 15 јули 2017 - 20:30

Арсенал победнички помина во вториот претсезонски меч. „Топчиите“ со 3:1 славеше против Западен Сиднеј Вондерерс во пријателски натпревар. Англискиот премиерлигаш имаше убедлива предност 3:0, кога екипата на Сиднеј доби индиректен удар во шеснаесетникот. 

Арсенал реши да се брани со 11 играчи на гол линијата на Оспина. „Живиот ѕид“ намесрен првично успеа да го сопре ударот на Стивен Лустица, но од одбиената топка сепак беше затресена мрежата на Оспина.

 

Најново во Меѓународен Фудбал