КРИСТИЈАНО ИМАШЕ ПОВАЖНА РАБОТА ОД МУНДИЈАЛОТ

Како Роналдо ја искористи еуфоријата за време на финалето на СП

Португалецот попладнево со приватен авион слета во Торино, каде треба да ги помине лекарските прегледи, за да биде и официјално преставен како нов играч на Јувентус

објавено: 15 јули 2018 - 21:41

Додека сите фудбалски очи беа вперени кон финалето на Светското првенство во Русија, Кристијано Роналдо реши тоа време да го искористи за да допатува во Торино. Португалската ѕвезда потпиша договор со најтрофејниот италијански клуб и во новата сезона ќе го носи „црно-белиот“ дрес. 

Пред да биде официјализиран договорот и Роналдо да биде претставен пред навивачите на Јувентус, ѕвездата прво мора да ги помине лекарските прегледи. Кристијано реши попладнево со приватен авион да пристигне во Торино и поубаво да се запознае со неговото ново место на живеење, но и да ги помине лекарските прегледи.

 

Најново во Меѓународен Фудбал