ЌЕ ГЛЕДАМЕ ЖЕСТОК ДУЕЛ ВО КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС

Какво финале: Бока-Ривер за трофејот во Јужна Америка

Прв пат ќе гледаме аргентинско финале во Копа Либертадорес, а копјата ќе ги вкрстат најлутите ривали Бока Јуниорс и Ривер Плејт

објавено: 1 ноември 2018 - 14:35

Ривер со многу среќа и со помош на ВАР системот го елиминира минатогодишниот шампион Гремио. Првиот меч на домашен терен го загуби, а на реваншот губеше со 1:0 за во финишот на мечот да го сврти резултатот. Во 95 минута судијата досуди пенал по прегледување на снимка и забележувајќи игра со рака на еден бразилски фудбалер. Тој натпревар предизвика многу врева затоа што Гремио обвини за кражба поради тоа што судијата не сакаше со ВАР да види игра со рака на фудбалерот кој го изедначи резултатот неколку минути пред пеналот.

Во второто полуфинале Бока успеа да го помине Палмеирас. Во првиот меч Бока триумфираше со 2:0, а на реваншот во Сао Пауло одигра 2:2 доволно да го потврди пласманот во финалето и така да го најави епското финале.

Како што е познато во Јужна Америка ќе се играат два финални меча. Првиот е на 7 ноември, а домаќин е Бока, а реваншот на 28 ноември и домаќин е Ривер.

Ова воедно е и прво аргентинско финале во Копа Либертадорес. Ривер последен пат се израдува на шампионскиот трофеј во 2015 година (вкупно има три), а Бока во 2007 (има вкупно шест).

Најново во Меѓународен Фудбал