ЛЕГЕНДАТА НА „ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ“ Е РАЗОЧАРАН

Кантона: Овој Манчестер е премногу дефанзивен

Некогашниот француски играч вели дека ја почитува работата на Жозе Мурињо, но сака поофанзивен фудбал

објавено: 24 ноември 2017 - 22:08

Легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона изјави дека е разочаран од стилот на игра на неговиот омилен тим. Некогашниот француски репрезентативец и еден од омилените играчи на „Олд Трафорд“ вели дека Манчестер сега игра многу дефанзивно. 

„Манчестер во моментов игра дефанзивен фудбал, а тоа не одговара на принципите и на духот на овој клуб. Го почитувам Мурињо. Тој има харизма и е исклучително интелигентен човек и менаџер. Го почитувам и Пеп Гвардиола. Јас лично повеќе сакам офанзивен фудбал и покреативна игра. Сакам да го гледам Манчестер како игра таков фудбал. Тоа е мојот омилен тим“, рече Кантона. 

Најново во Меѓународен Фудбал