Рамос не се скри ниту под маската

Капитенот на Реал влезе во историјата на шпанското првенство

Дефанзивецот на „кралскиот клуб“ беше исклучен по рекорден 19 пат во Примера

објавено: 3 декември 2017 - 12:07

Реал Мадрид остана покус за два бода од гостувањето кај Атлетик Билбао, откако одигра без голови 0:0, во меч од Примера дивисион, па „кралскиот клуб“ остана на осум бода зад лидерот Барселона. Реал сега има 28 бодови од можните 42, што е нивни најлош биланс по 14 одиграни кола, во последниве 9 години. 

Освен тоа што киксираа против Билбао, на гостувањето кај Андалузиците, Реал останаа без својот капитен Серхио Рамос. Дефанзивецот беше исклучен во 86 минута, кога доби втор жолт картон поради удирање со лакт.

Со ова исклучување, Рамос влезе во историјата на шпанското првенство. Тој стана првиот играч кој добил 19 црвени картони во Примера дивисион. Досега, Рамос го делеше првото место со Чави Агуадо и Пабло Алфаро кои имале по 18 исклучувања во кариерата.

Најново во Меѓународен Фудбал