КОИ ИГРАЧИ ИМААТ ПОМИНАТО НАЈМНОГУ КИЛОМЕТРИ ВО КАРИЕРАТА

Касилјас го предводи патувачкиот фудбалски циркуз

Легендарниот голман зад себе има оставено речиси еден милион километри

објавено: 5 април 2017 - 17:20

Шпанскиот престижен весник „Марка“ направи рангирање во кое пресметува кои играчи имаат пропатувано најмногу во кариерата. Според „Марка“ најмногу во кариерата патувал голманот на Порто, Икер Касилјас. Легендарниот капитен на Реал Мадрид една и пол деценија беше на голот на шпанскиот гигант, а потоа направи трансфер во Порто. 

1. Според пресметките, Касилјас има поминато 908.281 километри во кариерата. Зад Касилјас е уште еден шпански фудбалер.

2. Чави Ернандес кој речиси целата кариера ја помина во Барселона, зад себе има 892.161 поминати километри. 

3. Кристијано Роналдо - Португалската ѕвезда од Реал Мадрид, досега има поминато 877.567 км.

4. Лионел Меси - Суперѕвездата на Барселона зад себе има 833.795 км.

5. Франческо Тоти - Напаѓачот на Рома досега изминал 759.620 км. 

6. Златан Ибрахимовиќ - Најдобриот шведски фудбалер, кој сега е во тимот на Манчестер Јунајтед зад себе има 667.211 километри.

7. Фернандо Торес - Миленикот на навивачите на Атлетико Мадрид има 621.513 км.

8. Карлос Тевез - Голгетерот на Шангај Шенхуа може да се пофали дека има пропатувано 618.871 км.

9. Карим Бензема - Францускиот голгетер од редовите на Реал Мадрид поминал 503.275 км. 

10. Вејн Руни - Капитенот на Манчестер Јунајтед поминал 392.615 км. 

Најново во Меѓународен Фудбал