Легендарниот голман го пецна големиот ривал за титулата

Касилјас: Спортинг игра бесконечно за да победи (Фото)

Легендарниот голман Икер Касилјас го „пецна“ лутиот ривал Спортинг со необична математичка формула, по контроверзната победа на „лавовите“ против Тондела. Спортинг победи со гол во 99. минута, иако главниот судија одреди дополнително време од само 4 минути

објавено: 20 февруари 2018 - 18:35

Легендарниот голман Икер Касилјас го „пецна" лутиот ривал Спортинг со необична математичка формула, по контроверзната победа на „лавовите" против Тондела. Спортинг победи со гол во 99. минута, иако главниот судија одреди дополнително време од само 4 минути.

Касилјас на својот Твитер профил му фати сеир на ривалот со интересна формула.

По подолг период трите гиганти на португалскиот фудбал, Порто, за кој брани Касилјас, Бенфика и Спортинг, водат мртва трка за титулата. Порто со 58 бода е лидер, има и меч помалку пред двоецот од Лисабон, Бенфика и Спортинг со по 56 бодови.

Најново во Меѓународен Фудбал