КВАТРО ФАНТАСТИКО

Каталонците имаат покер вреден 1,7 милијарди евра

Неверојатни четворица играчи има Барселона во офанзивниот ред

објавено: 10 јануари 2018 - 16:15

Со доаѓањето на Филипе Кутињо, Барселона комплетираше неверојатен офанзивен квартет. Според многумина, каталонскиот гигант сега го има најопасниот напад. Покрај легендарниот Лионел Меси, докажаниот Луис, тука е и Осман Дембеле кој дојде на почетокот на сезоната, а сега е во дресот на Барселона е и Кутињо. 

Ако се собере откупната клаузула на сите овие четворица играчи, ќе се дојде до неверојатна сума од 1,7 милијарди евра. Очекувано, Меси е со најголема откупна клаузула вредна 700 милиони евра. Потоа следуваат Кутињо и Дембеле во чии договори стои дека откупната клаузула им е по 400 милиони евра. Интересно, но со најмала откупна клаузула е Суарез, за кого треба да се платат 200 милиони евра за предвремен раскин на договорот со гигантот од „Камп Ноу“. 

Најново во Меѓународен Фудбал