ПРИЗНАНИЕ ЗА ГОЛМАНОТ НА РЕАЛ МАДРИД

Кејлор Навас прогласен за најдобар голман на сезоната

Чуварот на мрежата од Костарика со признание на вечерашната свечена церемонија каде што ќе се извлекуваат групите од Лигата на шампионите.

објавено: 30 август 2018 - 18:31

Кејлор Навас е прогласен за најдобар голман на сезоната 2017/2018. Тој од 2014 година е голман на Реал Мадрид и беше член на шампионската екипа во претходната сезона.

Претходно награден е и Дејвид Бекам, кој е добитник на претседателска награда, а таа му ја врачи претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Подоцна ќе следат наградите за најдобар фудбалер на годината, одбранбен играч, во средниот ред и напаѓач.

Навас го освои првото место со 222 поени, пред Алисон Бекер (Ливерпул/Рома) кој освои 197, а трет заврши Џанлуиџи Буфон (ПСЖ/Јувентус) со 92 поени.

Навас со „кралевите" ги освои Лигата на шампионите, УЕФА Супер купот, шпанскиот Суперкуп и ФИФА Светското клупско првенство.

 

Најново во Меѓународен Фудбал