ИНТЕРЕСНА СТАТИСТИКА

Кејн 152 минути - 5 голови, Меси 1.440 минути - 5 голови

Напаѓачот на Англија постигна хет-трик против Панама во својот втор натпревар на Светското првенство во Русија и веќе запиша пет голови колку што има Лионел Меси во текот на целата досегашна кариера.

објавено: 25 јуни 2018 - 11:40

На Хари Кејн за петте голови му беа потребни само 152 минути на натпреварите против Тунис и Панама.

Аргентинецот, пак, одигра досега 17 мечеви на светските шампионати од 2006. година и севкупно пет погодоци.

Еден од нив реализираше во Германија против Србија и Црна Гора, англискиот репрезентативец со погодоците против Панама е моментно најдобриот стрелец во шампионатот во Русија пред Кристијано Роналдо (Португалија) и Ромелу Лукаку (Белгија) кои имаат по четири.

Меси засега на два меча против Хрватска и Исланд остана на нула, а најдобрата прилика ја имаше да го отвори првенството во првиот дуел кога не реализираше пенал.

Така, досега ѕвездата на Барселона за пет голови на терените помина 1.440 минути, а неговата Аргентина после тешкиот пораз од Хрватска (0:3) и ремито со Исланд (1:1) се наоѓа во тешка ситуација и победа не им гарантира сигурен пласман во осминафиналето.

Најново во Меѓународен Фудбал