„Гордиот албион“ славеше во дуелот со тунис

Кејн покажа зошто е прва ѕвезда на Англија

Голгетерот ги постигна двата погодоци во триумфот од 2:1 против африканскиот ривал

објавено: 18 јуни 2018 - 21:54

Англија се намачи, но на крајот стигна до победата во дуелот против Тунис. „Гордиот Албион“ славеше со 2:1 и тоа благодарение на погодокот даден во судиското надополнување од второто полувреме.

Хари Кејн е херојот на некогашниот светски првак. Играчот од Тотенхем ги постигна двата гола. Најпрво погоди во 11 минута за водство од 1:0, а откако Тунис израмни од пенал со голот на Саси, требаше да дојде судиското надополнување, за да дојде радоста за англиските фанови. 

По еден од многуте изведени корнери, Кејн се најде на вистинското место и од близина, со глава го матираше противничкиот голман. 

Најново во Меѓународен Фудбал