АЗИЈЦИ САКААТ ДА ВЛЕЗАТ ВО КЛУБОТ ОД „МАКСИМИР“

Кинези го купуваат Динамо!?

Динамо наскоро ќе премине во рацете на богат Кинез, а Здравко Мамиќ, некогашниот прв човек на клубот, обвинет за финансиски малверзации, би може да се врати во клубот во нова улога.

објавено: 3 мај 2018 - 13:03

Додека луѓето кои ги постави Мамиќ најавуваат дека клубот наскоро ќе се приватизира, низ медиумите во Хрватска се шири информација дека Динамо наскоро ќе заврши во рацете на моќна кинеска групација, а на Здравко Мамиќ ќе му биде понудена улога на советник или менаџер.

За тоа која и каква компанија се работи не е познато, но се шпекулира дека се работи за компанија чиј примарен бизнис е развивање на спортска инфраструктура.

Во моментот во се води процесот на приватизација на Динамо кој би требало да оди во четири фази. Во првиот круг акциите ги купува градот Загреб, потоа членовите на клубот, а потоа сите други. Ако продажбата на акциите не успее, тогаш клубот ќе остане здружение на граѓани.
Истовремено голем број на навивачи на Динамо и негови членови се противат на приватизација каква што предлага актуелното раководство на клубот.

 

Најново во Меѓународен Фудбал