СУДИИТЕ ЌЕ ИМААТ ДОПОЛНИТЕЛНА ПОМОШ НА СП ВО РУСИЈА

Ќе биде шоу: На Мундијалот ќе има ВАР систем со уште едно ново правило

„Не очекуваме да има чести вакви ситуации“, велат од ИФАБ

објавено: 30 мај 2018 - 15:00

Судиите кои ќе ја делат правдата на Светското првенство во Русија ќе имаат гоема помош од ВАР системот. Арбитрите ќе може да ги прегледаат сите оние спорни ситуации кои не можеле веднаш да ги забележат на, но и надвор од теренот. 

„Ако има некакво дејствие кое судиите пропуштиле да го забележат веднаш, ќе може да го искористат ВАР системот и подоцна да го санкционираат играчот, па дури и да му дадат црвен картон. Не очекуваме да има често вакви ситуации на Мундијалот во Русија. Ова правило ќе се користи само во сериозни ситуации кога треба да се даде црвен картон на некој од играчите“, објаснуваат од Меѓународниот бордза правила на играта (ИФАБ). 

Според ова правило, доколку некој играч направи прекршок за црвен картон во првото полувреме, а судијата не го забележи тоа, ќе може дури и на полувремето да ја разгледа ситуацијата и доколку процени дека требало да покаже црвен картон, играчот ќе биде казнет со исклучување. 

Планетарниот фудбалски собир ќе биде од 14 јуни до 15 јули во Русија. 

Најново во Меѓународен Фудбал