ДЕНЕСКА Е ЖДРЕПКАТА ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО

Ќе добие ли Рома шанса да се одмазди на Реал за Јувентус

„Римската волчица“ е најголемото изненадување што е меѓу најдобрите четири во Лигата на шампионите, откако ја елиминираа Барселона

објавено: 13 април 2018 - 08:30

Најдобрите четири екипи во Лигата на шампионите и тие во Лигата на Европа, денеска ја чекаат ждрепката за полуфиналните дуели. Според планот на УЕФА, во 12 часот ќе се влечат двојките за Лигата на Европа, а еден час подоцна ќе се знаат паровите во елитната лига. 

Рома е екипата која е најголемо изненадување, но сосема заслужено е меѓу најдобрите четири во ЛШ. „Ромската волчица“ ја елиминирата фаворизираната Барселона. Малку фалеше Рома да не биде единствен италијански тим на ждпреката, но Јувентус не успеа да направи пресврт против Реал Мадрид. 

Според многумина љубители на италијанскиот фудбал, желбата е Рома за противник да го добие Реал Мадрид и на тој начин римскиот тим да се обиде да се одмазди на „кралскиот клуб“, за елиминацијата на Јувентус.

Освен Рома и Реал Мадрид, во барабанот ќе бидат и имињата на Баерн Минхен и Ливерпул. Секој со секого може да се падне во полуфиналето. Интересно е што од овие четири екипи, само Рома нема европска титула. Ждрепката за полуфиналните дуели во Лигата на шампионите е во 13 часот, а еден час порано ќе се знаат двојките во Лигата на Европа. 

Во второто по ранг натпреварување на УЕФА, во борба за трофејот останаа Арсенал, Олимпик Марсеј, Салцбург и Атлетико Мадрид. 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал