СЛЕДУВА БОРБА НА НЕКОГАШНИТЕ СВЕТСКИ ПРВАЦИ

Ќе има дуели: Франција - Аргентина и Хрватска - Данска

Осминафиналните дуели дефинитивно ќе бидат пеколни

објавено: 26 јуни 2018 - 22:00

По одигрувањето на четирите денешни меча од Светското првенство, познати се уште две осминафинални двојки. Фактот дека Аргентина успеа да помине во нокаут фазата и тоа како второпласирана, ги носи „гаучосите“ на мегдан против Франција.

Дуелот на некогашните светски прваци секако ќе биде една од големите дерби средби во првата фаза од нокаут системот.

Перфектната Хрватска која има три победи во три меча, како предизвик во осминафиналето ќе ја има Данска, која не покажа некоја убедлива игра, но помина во групата каде што беа уште Перу и Австралија. 

Најново во Меѓународен Фудбал