НЕ МОЖЕ БЕЗ ДРАМА ДО КРАЈ

Ќе има продолженија: Колумбија во 93 минута израмни против Англија

Хари Кејн од пенал погоди за водство на Гордиот Албион, но Колумбиците не се предадоа

објавено: 3 јули 2018 - 22:01

Јери Мина е спасителот на Колумбија. Барем засега. Играчот на Барселона даде гол во 93 минута за израмнување на 1:1 во осминафиналниот дуел против Англија. 

„Гордиот Албион“ имаше предност со голот на Хари Кејн од пенал во 57 минута. Тоа е шести погодок за најдобриот стрелец на Мундијалот. Колумбија не се предаде до самиот крај. Во судиското надополнување изведоа корнер, а Мина со глава погоди за 1:1 и донесе дополнителни барем 30 минути. 

Најново во Меѓународен Фудбал