МОРА ДА СЕ ВНИМАВА НА СИТЕ РАБОТИ

Ќе се проверува дали доброволците на Мундијалот се терористи

Организаторите на СП 2018 уверуваат дека се ќе биде под контрола

објавено: 5 април 2018 - 16:05

Организаторите на Светското првенство во Русија, уверуваат дека најголемиот планетарен собир ќе помине без никакви инциденти. Тие ги превземаат сите потребни мерки за да се сигурни дека нема да се случи терористички напад за време на едномесечната фудбалска фешта. 

Заменик-министерот за внатрешни работи на Русија, Игор Зубов вели дека ќе бидат проверувани дури и сите доброволци кои сакаат да бидат дел од Мундијалот. 

„Имаме формирано неколку информативни центри во кои ќе собереме информации за сите навивачи кои што ќе дојдат во Русија, но и за сите доброволци. Ќе проверуваме дали некој од нив има допирна точка со терористичка организација“, објасни Зубов. 

Светското првенство ќе се игра од 14 јуни до 15 јули на 12 стадиони во 11 града во Русија. Домаќини на 32-те најсилни селекции ќе бидат Москва, Санкт Петербург, Сочи, Казан, Саранск, Калининград, Волгоград, Ростов на Дон, Нижни Новгород, Екатеринбург и Самара. 

Најново во Меѓународен Фудбал