тренерот на ливерпул е подготвен

Клоп кажа што очекува од финалето во Лигата на шампионите

„Имаме голема желба и подготвени сме“, вели германскиот стратег

објавено: 21 мај 2018 - 21:40

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека неговиот тим е подготвен за финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, кое се игра в сабота. 

„Имаме доволно време за подготовка. Се чувствуваме добро. Заслуживме да играме во финалето. Сакаме да има добар крај за нас. Реал Мадрид има повеќе искуство од нас. Искуството е многу важно во животот, но не е и единственото нешто, посебно не во фудбалот. Може да е предност, но тоа се надополнува со желба, менталитет и многу работа“, вели Клоп. 

Од играчите кои се во тимот на Ливерпул, единствено Емре Џан се радувал на шампионска титула на клупско ниво, додека сите останати играчи се надеваат дека за прв пат ќе почувствуваат како е да се биде на тронот. 

„Имаме навистина добар тим. Работиме на тоа да ја оствариме нашата желба. Многумина мислат дена тоа е невозможно, но ние ќе с еобидеме да покажеме дека е возможно. Ако не бевме психички јаки, немаше да бидеме тука. Заедно поминавме многу тешки ситуации. Ќе се обидеме да ги израдуваме навивачите на Ливерпул во целиот свет“, додава Клоп. 

Финалето в сабота се игра на Олимпискиот стадион во Киев. 

Најново во Меѓународен Фудбал