„СТАРАТА ДАМА“ ГО ДОБИ ГРАДСКОТО ДЕРБИ ПРОТИВ ТОРИНО

Кога Јувентус ќе тргне, нема сопирање: Деветта победа по ред во Серија А (Видео)

Голот на Алек Сандро во 33 минута беше доволен за шампионот да ги освои трите бода и повторно да се најде на врвот на табелата во првенството

објавено: 18 февруари 2018 - 14:33

Италијанскиот гигант Јувентус продолжува со победничката низа, откако славеше против Торино на гости, во градското дерби, во Серија А. Актуелниот првак до победата стигна благодарение на голот на Алек Сандро во 33 минута, а потоа одлично се одбрани и прокнижи нови три бода.

За „старата дама“ ова е девета победа по ред во шампионатот, односно три месеци реди само триумфи. Со овие три бода, Јувентус сега има 65 бода по 25 меча, додека Наполи заостанува два бода, но наполитанците од 15 часот на свој терен се големи фаворити против СПАЛ. 

Најново во Меѓународен Фудбал