уште еден доказ колку го сакаат фудбалот во оваа земја

Кога ќе игра Уругвај, нема одење во школо

Иако има само нешто повеќе од три милиони жители, Уругвај е земја која може да се пофали дека е двократен светски првак од минатото

објавено: 9 јуни 2018 - 15:00

Фудбалот е поважен од било што. Тоа го потврдува и католичкиот приватен универзитет во Уругвај, кој е втор најголем во оваа земја. Од Универзитетот објавија дека е донесена одлука, во деновите кога Уругвај игра на Светското првенство во Русија, да нема никакви активности и се откажани сите предавања на Универзитетот. 

На овој Универзитет студираат повеќе од 10.000 студенти, кои сигурно се израдуваа од оваа одлука. Во Уругвај фудбалот е една од најважните работи. Иако оваа јужноамериканска земја има само нешто повеќе од три милиони жители, може да се пофали дека е двократен поранешен светски првак. 

На планетарниот собир Уругвај е во група со Египет, Русија и Саудиска Арабија и секако е фаворит да помине во нокаут фазата. 

Најново во Меѓународен Фудбал