РАЗОЧАРУВАЧКА СТАТИСТИКА ЗА АРГЕНТИНЕЦОТ во 1/4-финалињата

Кога Меси се губи на теренот, и Барселона губи

Девет пати кога каталонците се елиминирани во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Лео нема дадено ниту еден гол

објавено: 11 април 2018 - 17:20

Кога Лионел Меси игра под своето ниво, тоа е знак дека Барселона е спремна за пораз. Тоа го покажува историјата и статистиката, а истото беше потврдено и синоќа на дуелот против Рома.

Најдобриот играч на Барселона не даде ниту еден гол во двомечот против римскиот калчолигаш, а каталонците беа елиминирани, по поразот синоќа од 3:0 на „Олимпико“. Со овој неуспех, Меси само ја продолжи ужасната низа.

Кога Меси нема даде гол во четвртфиналните двомечи од Лигата на шампионите, Барселона девет пати од 10 случаи била елиминирана. Единствено кога Меси не погодил во оваа фаза, а тимот поминал понатаму е 2015 година, против Пари сен Жермен.

Останатите девет сезони, Барселона е во аут. Оваа лоша низа е започната во 2007 година на двомечот против Ливерпул. Меси не даде ниеден гол за 180 минути, а Барса беше елиминирана. Следната сезона истото беше и со Манчестер Јунајтед, а во 2010 година Барса беше елиминирана од Интер, а Меси за 180 минути не даде гол.

Истото беше три сезони од 2012 до 2014, а Барселона беше елиминрана од Челзи, Баерн и Атлетико, додека Меси „се губеше“ на теренот. Во 2015 година, каталонците го поминаа четвртфиналето, а потоа следат нови три „сушни“ сезони.

Во 2016 Меси се „изгуби“ против Атлетико за 180 минути не даде гол, истото беше и лани во двомечот со Јувентус, а сега и Рома успеа да го задржи петкратниот освојувач на „Златната топка“. 

Еве како изгледа статистиката на Меси во четвртфиналните дуели кога Барса е елиминирана.

 

Најново во Меѓународен Фудбал