ДЕН НА ГОЛЕМОТО ДЕРБИ ВО ТУРЦИЈА

Кога на тренинг има 20.000 луѓе, како ли ќе биде на турското дерби (Фото+Видео)

Кога играат Фенербахче и Галатасарај секогаш е „жешко“ на трибините, па така сигурно ќе биде и денеска

објавено: 17 март 2018 - 08:45

Фенербахче е домаќин на Галатасарај, во едно од најголемите дерби во светски рамки. Тоа е истанбулско ривалство кое трае уште од далечната 1905 година, а се работи за дуел на два тима кои доаѓаат од ист град, но од различен континент. 

За тоа што значи овој дуел, покажаа навивачите на Галатасарај, кои беа на последниот тренинг пред гостувањето кај Фенербахче. На трибините на стадионот имаше 20.000 навивачи кои направија пеколна атмосфера. Беа запалени стотици факели, а сцените од „Турк Телеком Арена“ го обиколија светот.

Најново во Меѓународен Фудбал