СПОРЕД ПОДАТОЦИТЕ НА „ТРАНСФЕРМАРКТ“

Кои се најскапите репрезентации на Светското првенство во Русија?

Само Нејмар, Меси и Роналдо вредат повеќе од девет најмалку платени тимови.

објавено: 13 јуни 2018 - 09:00

На нешто повеќе од 48 часа од почетокот на најголемиот фудбалски собир, објавена е листа на највредни репрезентации кои учествуваат на Светското првенство во Русија 2018.

Како што известува „Трансфермаркт", банкарските експерти пресметале дека најскапа репрезентација е Шпанија, вредна 1,21 милијарда долари. Нивни највреден играч е Серхио Бускетс со вредност од 94 милиони долари, пренесува „Бизнис инсајдер".

На второто место се наоѓа селекцијата на Франција (1,215 милијарда долари), со најскапиот играч кој воедно ги брани боите на ПСЖ, Килијан Мбапе кој вреди 141 милион долари.

Топ 5 листата ја заокружуваат Бразил (1.08 милијарда долари), Германија (1.03) и Англија (1.02).

Уште една интересна занимливост дека тројцата најплатени фудбалери на Мундијалот, Нејмар, Меси и Кристијано Роналдо вредат повеќе од девет најмалку платени репрезентации.

Најново во Меѓународен Фудбал