Руските репрезентативци денеска се на суд

Кокорин и Мамаев можат да заглават 5 години зад решетки!

Рускиот суд денеска ќе одлучува за инцитентите во кои беа вклучени двајцата некогашни репрезентативци на „Зборнаја“.

објавено: 19 октомври 2018 - 12:24

Против руските фудбалери Александар Кокорин и Павел Мамаев кои беа обвинети за хулиганизам и учество во тепачки, им се заканува затворска казна и до 5 години. И двајцата беа приведени и денеска треба да се појават пред рускиот суд.

Фудбалерите беа вклучени во голем скандал откако го нападнаа и тепаа службеникот од Министерството за индустрија и трговија на Русија во кафуле во центарот на Москва пред една недела.

Кокорин е напаѓач Зенит (Санкт Петербург), и има 48 натпревари за рускиот национален тим. Мамаев играше како играч од средниот ред во Краснодар со 15 натпревари за „Зборнаја“.

Најново во Меѓународен Фудбал