ЈУЖНОАМЕРИКАНСКА РАДОСТ

Колумбија ја испрати Полска дома

Мина, Фалкао и Квадрадо погодија за радост на колумбиските навивачи

објавено: 24 јуни 2018 - 21:55

Колумбија останува во „живот“ за место во осминафиналето на Светското првенство, откако вечерва славеше со 3:0 против Полска. Со овие три бода, Колумбија е на третото место во групата, но има шанси да се најде во нокаут фазата, ако во последното коло слави против Сенегал.

За Полска веќе не постои ни теорија ни математика, па средбата против Јапонија ќе им биде за збогување од планетарниот собир. 

Колумбија со голот на Мина во 40 минута најави дека е подготвена за победа, а таа беше потврдена благодарение на погодоците на Фалкао во 70 и Квадрадо во 75 минута. 

Најново во Меѓународен Фудбал