СЕ ЧЕКА САМО ЧАСОТ ЗА ПОЧЕТОК

КОНЕЧНО ФУДБАЛ: Ќе се игра, Бока ја даде стартната постава?

После повеќе од два и пол часа, по се изгледа дека топката ќе тргне од центарот на игралиштето на „Антонио Либерти" стадионот во Буенос Аирес

објавено: 24 ноември 2018 - 23:21

Мечот на векот требаше да биде празник на фудбалот во Буенос Аирес. Но реваншот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во финалето на Копа Либертадорес е одложен за дополнително време, поради нападот на хулиганите на автобусот на гостинските навивачи.
Последната информација од Буенос Аирес е дека сме се поблиску до почетокот на големиот натпревар во кој Ривер Плата го дочекува Бока Јуниорс.
Последните информации се дека и стручниот штаб на Бока Јуниорс ги пријавил стартните единаесет играчи. И со оглед на тоа дека некоја минута порано истото го направија и оние од Ривер Плата, јасно е дека сме поблиску до почеток на вториот меч од финалето на „Копа Либертадорес".

Најново во Меѓународен Фудбал