ТРЕНЕРОТ НА ЧЕЛЗИ Е РАЗОЧАРАН

Конте: Направивме една грешка и тоа скапо го плативме

„Кога играш против играчи како што се Меси, Иниеста, Суарез, се казнува секоја грешка“, вели италијанскиот стратег

објавено: 21 февруари 2018 - 09:00

Челзи имаше водство од 1:0, контрола на играта, две погодени стативи, но на крајот одигра 1:1 против Барселона, во првиот меч од Лигата на шампионите. Една наивна грешка на одбраната на Челзи беше причина поради која Барселона дојде во чиста позиција за погодок, а Лионел Меси тоа не пропушти да го реализира. 

„Направивме една грешка и скапо ја плативме. Кога играш против играчи како што се Меси, Иниеста, Суарез, се казнува секоја грешка. Жал ми е бидејќи на крајот сум незадоволен само од резултатот. Погодивме две стативи и требаше да дадеме повеќе голови. Во реваншот нема да биде лесно, бидејќи противник е Барселона, но секако дека не сме без шанси. Ако не ја направевме таа грешка, Барселона тешко дека ќе стигнеше до чиста позиција. Најразочарувачки на крајот е што дадовме 120 отсто од можностите, а сепак не победивме, додека противникот од една шанса даде гол“, рече Конте. 

Најново во Меѓународен Фудбал