ИАКО НЕОДАМНА СТАНАА ДЕЛ ОД ФИФА И УЕФА

Косово во страв: Може да ги исфрлат од сите натпреварувања

Претседателот на фудбалската федерација на Косово, Фадиљ Вокри објасни дека може да се случи тоа што никој од нив не го посакува

објавено: 2 јануари 2017 - 19:00

Косово неодамна стана полноправна членка на светската и европската фудбалска федерација. Како дел од ФИФА и УЕФА, земјата доби право да игра во сите натпреварувања под „капата“ на двете федерации. Сепак претседателот на косовската федерација, Фадиљ Вокри, посочи дека можно е земјата да биде исфрлена од ФИФА и УЕФА и тоа поради лошата инфраструктура.

„Ова не е притисок до власта, туку реалност. Ако продолжиме вака, не гледам како ќе останеме во ФИФА и УЕФА“, рече Вокри, откако челниците на УЕФА го одбија планот на власта, за реконструкција на стадионот во Приштина.  

Косово за прв пат се натпреварува во квалификации за СП 2018 година, но поради немањето на свој стадион кој ги задоволува условите на ФИФА, мечевите како домаќин ги игра во Албанија, во градот Скадар.

Освен стравот од исфрлување поради лошата инфраструктура, Косово ја чека и одлуката на Спортскиот арбитражен суд во Лозана, бидејќи Србската федерација приложи жалба поради влезот на новата федерација во рамките на ФИФА и УЕФА.  

Најново во Меѓународен Фудбал