ДОЈДЕ ВРЕМЕ ДА КАЖЕ ЗБОГУМ

КРАЈ: Дрогба е пензионер

Дидие Дрогба и официјално ја заврши својата кариера. 

објавено: 9 ноември 2018 - 15:51

Легендарниот напаѓач го одигра последниот меч, Феникс загуби од Луисвил со 1:0 во финалето на плеј-офот од американскиот УСЛ куп. Дрогба најдобрите денови ги имаше во дресот на Челзи од 2004 година до 2012 година, одигра 341 натпревар и постигна 157 голови.

Со „сините“ освои четири титули во Премиер-лигата и во ФА Купот, три Лига Куп, два Комјунити Шилд и Лига на шампиони. Во финалето во ЛШ во 2012 година против Баерн Минхен беше стрелец на изедначувачкиот гол, а подоцна го реализираше одлучувачкиот енал.

Кариерата ја започна во Ле Ман, потоа играше за Монтреал Импакт, Галатасарај, Шангај, Марсеј,Гингамп и Челзи.

За репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска одигра 104 меча и постигна 65 гола.

 

Најново во Меѓународен Фудбал