ФРАНЦУЗИНОТ ЈА ЗАГУБИ ПОДДРШКАТА ОД ФАНОВИТЕ

Крајот на Венгер е тука! 88 отсто од навивачите на Арсенал сакаат да си оди

Многумина сметаат дека единствен начин Арсен да остане на клупата, е да се освои Лигата на Европа

објавено: 8 март 2018 - 17:18

Арсен Венгер повеќе од две децении е на чело на англискиот премиерлигаш Арсенал, но многу веројатно е дека доаѓа неговиот крај. Навивачите на „топчиите“ се незадоволни од резултатите на омилениот тим, а како главен виновник за тоа го сметаат францускиот стратег.

Легендарниот тренер има договор со Арсенал до јуни 2019 година, но многу е веројатно дека порано ќе си замине од клупата. Во анкета за тоа дали треба Венгер да остане да биде тренер на лондонскиот тим, дури 88 отсто од гласовите се дека Французинот е редно време да си замине од Арсенал. 

„Очигледна е нашата желба. Му благодариме за се што има направено за клубот, но оценката е дека Арсен треба да си оди и тоа за доброто на клубот“, стои во дел од коментарите на навивачите кои се за заминување на Венгер од Арсенал. 

Според многумина, оваа ситуација може да се промени, само доколку Арсенал триумфира во Лигата на Европа, каде вечерва игра против италијанскиот калчолигаш Милан. 

Најново во Меѓународен Фудбал