КАКОВ НАТПРЕВАР ВО СОЧИ (2-1)

Германија мина КРОС пеколот! (Видео)

Се комплетираше и второто коло од групата Ф на Светското првенство во Русија, во самиот финиш Германија успеа со 2:1 да ја совлада Шведска.

објавено: 23 јуни 2018 - 22:07

Во 13. минута, Шведска имаше „зицер", Берг беше сам пред Нојер кој фантастично одбрани, Германците беа свесни од опасните контри на противникот кој бараше пенал, но не го доби.

Таквиот план им се исплати на Швеѓаните кои искористија едно невнимание во дефанзивата на „панцирите", прекрасен лобуваше Тоивонен за водство од 1:0.

Во второто полувреме Германците тргнаа уште поофанзивно, во 48. минута стигна израмнувањето, можеби во една среќна околност, Ројс ја испрати топката во мрежата на Олсен.

Во 56. минута голема шанса за Хектор, сепак се покажа дека реализацијата не е негова најсилна страна, слабо шутираше по земја.

Продолжи силниот налет на германската селекција, како „ветар" по левата страна помина Вернер, но недостасуваше завршница во неговиот удар.

На нешто повеќе од 15. минути до крајот на мечот во Сочи беше мирно на теренот, без големи возбудувања се до 82. мин. кога втор жолт картон доби Боатенг, и Германците се најдоа во опасност.

Но, и понатаму кружеа околу шведскиот гол, убава прилика со глава имаше Гомез во 88. мин, но Олсен прекрасно интервенираше. Во судиското надополнување Бранд имаше фантастичен удар, но за негова несреќа ја погоди стативата, и беше пропуштена уште една можност на Германија.

Во последната 95. мин. од слободен удар лудило на трибините кај што се наоѓаа германските навивачи, бидејќи Крос од слободен удар донесе голема и значајна победа за одржување на шансите за пласман во осминафиналето.

Последното трето коло е закажано за 27. јуни, Германија во Казан ќе ги одмери силите против Јужна Кореја, а Швеѓаните во Екатеринбург ќе играат против Мексико. На табелата води Мексико со шест бодови, пред Шведска и Германија со по три, а последна се Корејците без бодови.

Најново во Меѓународен Фудбал