ЅВЕЗДАТА НА БАРСЕЛОНА „ВО ПРОБЛЕМИ“

Кучето на Меси е потешко од него (Фото)

Лео објави фотографија на која седи заедно со своите две деца, но и кучето кое е џиновско

објавено: 8 јануари 2017 - 13:35

Волшебникот на Барселона, Лионел Меси ги искористи празниците да ужива со своите најмили во Аргентина. Заедно со двете деца и девојката Антонела уживаа во луксузната резиденција во Аргентина.

За празниците, Лео на подарок, од својата девојка добил подарок, куче. Сепак не се работи за обично куче, туку џиновско, од расата Француски Мастиф. Кучето е старо осум месеци, а веќе е џин.

Просечно овие кучиња тежат меѓу 55 и 70 килограми. За споредба, Меси тежи само 67 килограми, што значи дека лесно може да се случи неговиот миленик да биде и потежок од газдата.

 

 

Toby controlando todo por aca.

A photo posted by AntoRoccuzzo88 (@antoroccuzzo88) onJan 7, 2017 at 1:50pm PST

Најново во Меѓународен Фудбал