ЗАСЛУЖУВААТ ВЕЛИКАНИТЕ ДА БИДАТ ЕДЕН ДО ДРУГ НА СЦЕНАТА

Роналдо сеуште не потврдил, Меси сигурно доаѓа на „Бернабеу“!!

Лионел Меси сигурно ќе биде на „Сантијаго Бернабеу" во недела, за да го гледа финалето на „Копа Либертадорес" помеѓу аргентинските клубови Ривер Плата и Бока Јуниорс.

објавено: 5 декември 2018 - 12:45

Аргентинецот го потврдил тоа пред шпанската фудбалска федерација, која го поканила на супер настанот и Кристијано Роналдо со идејата двајцата да седнат еден до друг во ложата.

Самиот Португалец сеуште не го потврдил своето присуство. Ова би било прво враќање на стадионот, откако летоска го напушти Реал и направи трансфер во Јувентус. 

Единствениот проблем доаѓа во затегнатите односи на Кристијано со Реал Мадрид по неговиот трансфер, па оттука под знак прашалник и неговото доаѓање во шпанската престолнина.

„Кристијано би бил среќен да ја прифати поканата на шпанската федерација да го гледа натпреварот до Меси во ВИП ложата, но „раните“ од заминувањето не се закрепнати целосно", вели извор, близок на фудбалерот.

Од федерацијата велат дека присуството на Кристијано и Меси ќе биде прекрасна порака за фудбалот, на сцена на која што заслужуваат да бидат.

КОНМЕБОЛ, исто така, го сака присуството на двајцата великани, а нивниот распоред го дозволува тоа. Барселона игра со Еспањол во сабота, а Јувентус ќе има дерби со Интер во петок.

Во исто време, стана јасно дека шпанската федерација беше преплавена со билети од страна на играчи и тренери од Шпанија и од странство, вклучувајќи го и Лео Меси.

Да потсетиме, в недела (9. декември) на „Сантјаго Бернабеу" - Мадрид со почеток од 20:30 часот ќе се игра реванш финалниот меч од „Копа Либертадорес" помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс, а првиот дуел заврши со резултат 2:2.

Најново во Меѓународен Фудбал