ПОЛЈАКОТ ВЕЌЕ Е НА ПАТ КОН МАДРИД

Левандовски се договори со Реал, сега останува дозволата од Баерн

„Кралскиот клуб“ ќе има големо засилување ако голгетерот дојде на „Сантијаго Бернабеу“

објавено: 17 март 2018 - 09:15

Првиот напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски се погласно најавува дека сака да си замине од клубот. Веќе подолго време, Левандовски е на мета на Реал Мадрид, а сега се чини дека договорот е во напредна фаза. 

Според најавите, Левандовски веќе ги договорил личните услови со најтрофејниот шпански клуб и актуелен европски првак. Сепак, трансферот не може да се реализира, доколку Баерн Минхен не даде дозвола. Левандовски има договор со Баерн до јуни 2021 година, што значи дека ќе треба да с еплати одредена сума на пари за предвремен раскин на договорот. 

Левандовски во август ќе наполни 30 години, што значи дека е во фудбалска зрелост за да го направи трансферот на кариерата, доколку тоа го дозволи Баерн Минхен. 

Најново во Меѓународен Фудбал