АРГЕНТИНЕЦОТ ИМАЛ МНОГУ СРЕЌА

АГУЕРО БИЛ ЖИВОТНО ЗАГРОЗЕН: Да не беше појасот...

Фудбалерот на Манчестер сити призна дека „сообраќајката"во Амстердам можела да му донесе уште посериозни моменти, и повеќе од „кршење на реброто"...

објавено: 12 октомври 2017 - 21:40

Серхио Агуеро, напаѓачот на екипата на Манчестер Сити, имал доста среќа при неодамнешната „сообраќајка" која ја доживеа при враќањето од Амстердам за Манчестер.

Односно кога со таксито кое се превезуваше од аеродромот во Холандија удри во столб.
Поради повредите кои ги претрпе во судирот, Агуеро треба да паузира околу еден месец. Но 29 годишниот аргентински фудбалер истакнува дека сето тоа можело да бид еи многу полошо. Односно да биде многу подолго време надвор од игра.

„Кога стигнав во болницата, го прашав докторот дали можам да играм за Сити во недела, ми рече: 'Не верувам дека ќе можеш'. Си размислив и сфатив дека благодарение на тоа што го имав врзано сигурносниот појас сега можам да зборувам за се што се случи тогаш"- констатира аргентинскиот фудбалер на Манчеср Сити.

Лекарот на аргентинската селекција најави дека Серхио Агуеро ќе отсуствува шест недели од фудбалските терени. Но тој вели дека сето тоа ќе биде пократко. Уште во текот на оваа седмица искусниот офанзивец почна со лесни тренинзи во Сити, а кон крајот на истата очекува и да работи заедно со тимот.
Манчестер Сити е лидер на табелата (заедно со Јунајтед) во премиер лиата, во во сабота го прешекува тимот на Стоук.

 

Најново во Меѓународен Фудбал