НЕКОГАШНИОТ КАТАЛОНЕЦ ПРАШУВА:

Ако Мбапе вреди 130 милиони, колку чинат Меси и Нејмар?

Поранешниот француски репрезентативец Ерик Абидал смета дека цената која „се врти" околу неговиот сонародник деновиве е пред се, нереална...

објавено: 17 јуни 2017 - 14:00

Од една страна е Французин, од друга пак Каталонец.

Как и да е, Ерик Абидал може да каже по некој збор, особено за онаа неверојатна најава која вели дека Килијан Мбапе, освен што е еден од најбараните млади играчи во Европа, вреди повеќе од сто милиони евра.
Поранешниот француски репрезентативец, кој се пензионира како играч на Барселона направи јасна споредба, кога е во прашање цената на Мбапе со најдобрите играчи на каталонскиот тим, Лионел Меси и Нејмар.

„Килијан е одличен играч, но цената од 130. милиони евра е нереална" - смета Абидал.
„Кога се издвојуваат големи суми на пари, како што беа оние 105 милиони евра за Погба, тогаш играчите со поголем талент достигнуваат цена и од 200 милиони. Се губи смислата за проценка на вредностите. Тогаш, колкава е цената на Меси и на Нејмар?"- запраша одличниот дефанзивец.

Поранешниот играч на Монако и на Лион, потоа и на Барса, смета дека Мбапе сепак ќе остане во „кнежевството".

„Мислам дека ќе остане за да ги потврди своите сјајни игри. Мора да доенсе одлука која ќе му гарантира минутажа, затоа што наскоро следува Светското првенство во Русија"- заклучува Абидал.

Најново во Меѓународен Фудбал