КАПАРИСАА ЕДЕН ГЕРМАНЕЦ, САКААТ УШТЕ ЕДЕН

АКО МОЖЕ ЗА ЏАБЕ: Јуве би го земал и Месут Озил!

Италијанскиот првак во нова акција

објавено: 8 јануари 2018 - 22:15

Само што се договорија со едне германски репрезентативец за наредната сезона, сега Јувентус сака да го направи истото со уште еден од редовите на „панцерите".
„Кориере дело спорт" јавува дека тимот од Торино сериозно размислува за ангажман на Месут Озил на истекот на оваа сезона, со оглед на тоа дека Германецот влезе во последните шест месеци од договорот со Арсенал. Но и тоа дека не сака да ја продолжи соработката со "топчиите".

На еден ваков начин „црно-белите" веќе го капарисаа неговиот сонародник, Емре Џан од Ливерпул, кому, кога ќе му истекне договорот на крајот на сезоната, ќе добие нов, сега од Јуве, вреден пет милиони евра по сезона за наредните четири.
Начин на кој претходно Јувентус ги зема и Пирло, Погба, Љоренте, Алвеш, Куман, Кедира, Евра...
Сепак, треба да се знае и тоа дека „Старата дама" може да остане без Марио Манџукиќ, кој исто така, на крајот на сезоната може да замине затоа што има богати понуди од Кина, па не чуди интересот за играч од профилот на Озил.
Арсенал му нуди на Германецот да остане, но тој го одби новиот договор и сосема извесно ќе си замине од „Емирејтс".
Сериозен интерес за Озил досега покажуваше Жозе Мурињо и Манчестер Јунајтед од каде пак треба да си замине Хенрик Мкатаријан.
Специјалитет на Јуве е токму доведување на играчи без отштета, па не би било воопшто чудно ако во наредната сезона да го гледаме Озил во „црно-бела" комбинација.

Најново во Меѓународен Фудбал