ГОЛМАНСКИ МАКИ ЗА „СИНИТЕ"

АКО НЕ САКА ЧЕЛЗИ ИМА ДРУГ: Куртоа бара „милионче" на месец

Ако постане најплатен голман во Премиер лигата Белгиецот ќе остане на „Стемфорд Бриџ"

објавено: 23 ноември 2017 - 17:15

Ако им се верува на медиумите во Белгија, тогаш нивниот репрезентативец Тибо Куртоа им ставил јасно до знаење на своите актуелни работодавачи дека е расположен да остане во Челзи, но само под услов неговите примања да бидат двојно поголеми од сегашните.


А според сегашниот договор, чуварот на мрежата на „сините" годишно заработува 5.7 милиони евра, но неговата желба е тој износ да биде дури 12.милиони. И на тој начин да го „победи" актуелниот колега од Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, кој е број 1 и во висината на платите на првата позиција кај премиерлигашите.
Куртоа дојде во Челзи уште во 2011 година како играч на Генк и тоа преку трансфер вреден девет милиони евра. Веднаш беше проследне на позајмица во Атлетико Мадрид за што „сините" добија 1.2 милиони евра. Но по три години, Челзи го врати белгискиот голман по што стана незаменлив на голманската позиција.
Договорот му истекнува во летото 2019 година. Челзи има доволно време, до наредниот јуни, добро да размисли за една ваква ситуација, и секако, да не влезе во ризик да го загуби еден од своите најстандардните играчи.
А таква шанса дефинитивно очекува Јувентус, кој бара заменик з алегендарниот Џиџи Буфон, потоа ПСЖ, кој моментално и нема некои екстра играчи на таа позиција, и секогаш присутниот Реал Мадрид, каде кејлор навас е моменталчно повреден, и е под постојан притисок затоа што се бара замена. без оглед на тоа дали е Де Геа или пак Куртоа...

 

Најново во Меѓународен Фудбал