ПО РЕМИТО СО ТОТЕНХЕМ

Алегри збудале: Што направија тие?

Јувентус прокоцка предност од два гола на дуелот со Тотенхем. Наместо победа, италијанскиот тим на реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампиони ќе патува со нерешени 2:2 и покрај тоа што имаше водство од 2:0.

објавено: 14 февруари 2018 - 10:40

Јувентус прокоцка предност од два гола на дуелот со Тотенхем. Наместо победа, италијанскиот тим на реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампиони ќе патува со нерешени 2:2 и покрај тоа што имаше водство од 2:0.

По мечот Масимилијано Алегри не го криеше своето разочарување, но истакна дека Јувентус не може секоја година да се пласира во финалето.

„Фудбалот е чудна игра, од потенцијални 3:0 може да стигнете до 2:1, од потенцијални 3:1 до 2:2..Сите знаевме дека ќе биде тешко", изјави Алегри, кој полуде откако еден од новинарите го праша каде погрешиле:
„За што зборувате? Освен ударот на Кејн, Тотенхем не направи ништо друго. Во вториот дел направивме неколку промени, во целост одигравме добар натпревар. Првиот гол го примивме поради наша грешка, додека вториот од слободен удар. Фудбалот дава и зема. Немаме причина да бидеме во депресија. Ако некој мислеше дека Јувентус може да го победи Тотенхем со 4:0, во тој случај воопшто не е реален. Можеби пласманот во двете финалиња во ЛШ во последните три години беше штетен за некои луѓе", рече стратегот на Јувентус.

Алегри истакна дека во второто полувреме се повлекле бидејќи Тотенхем ги притиснал.

„Кој играше добро, а кој лошо? Тоа е најмалку важно. Добро игравме, во вториот дел се повлековме бидејќи Тотенхем не притисна, е не затоа што јас така наредив. Луѓето не се реални, мислат дека во осминафиналето можат да победат со 3:0. Во добра форма сме, одиме на победа, но не можеме секоја година да одиме до крај".

Најново во Меѓународен Фудбал