ТРЕНЕРОТ НА ЈУВЕНТУС ОТКРИ ШТО МУ РЕКОЛ СЕРХИО РАМОС

АЛЕГРИ ЗНАЕЛ ШТО СЕ ПОДГОТВУВА: Го почувствував тоа уште на првиот меч...

Кристијано Роналдо кажа дека пеналот за Реал Мадрид бил „чист како солза", Андреа Ањели, првиот човек на Јувентус, го тврди спротивното.

објавено: 12 април 2018 - 08:30

Кристијано Роналдо кажа дека пеналот за Реал Мадрид бил „чист како солза", Андреа Ањели, првиот човек на Јувентус, го тврди спротивното.
А што на сето она што се случуваше на реванш-дуелот во Мадрид, свое мислење имаше и Масимилијано Алегри.

„Јувентус одигра фантастичен меч, им честитам на момците. Игравме добро 60.минути, првиот гол го дадовме после две... Многу ми е жал поради момците. Имавме голема шанса да го свртиме резултатот и екипата заслужи барем продолженија. А со две активни измени, ќе имавме уште поголеми шанси за поминување“.

Новинарите сакаа да знаат што Макс зборуваше со Серхио Рамос во моментот кога беше досуден ударот од белата точка, или она што камерите го фатија во тој сегмент од четвртфиналето.

"Тој ми кажа дека беше пенал. Требаше да се потсети дека на првиот меч имаше пенал над Квадрадо кој не беше досуден. Ова сега беше практично истото тоа што му се случи на него на првиот натпревар. Уште тогаш реков дека еден инцидент ќе одлучи кој ќе оди понатаму" – појасни Алегри за дијалогот со суспендираниот капитен на Реал.

Ја коментираше и реакцијата на Буфон и црвениот картон...

"Имаше многу бес, чувства, жалост. Џиџи експлодираше. Сите беа збунети. Заслуживме продолженија, но не поминавме понатаму. Реакцијата на Буфон беше сосема разбирлива. Не знам дали ова ќе му биде последниот европски меч во кариерата. Потполно разбирам зошто реагираше така. Тој е човек. Црвениот картон од судијата беше ригорозен, останува многу горчина во устата поради сето ова..."

Најново во Меѓународен Фудбал